Новите чизми на Канје Вест и најсмешните мемиња на Твитер

26 мај 2022

Канје Вест деновиве е мета на Твитер заедницата откако на модното шоу на Баленсијага во Њујорк, се појави во ултра волумензони чизми.

Кога ќе ја видите фотографијата ќе ви стане јасно за што зборуваме.

Црни војнички чизми кои изгледаат нескладно, односно диспропорционално, барем во случајот на Канје.

Тоа беше повод досетливата Твитер заедница да му даде фокус на моментот и да се надмине во креирањето смешни мемиња.

Инаку, очекувано се работи за модел на чизми од Баленсијага, со назив
Balenciaga Steroid Boots. Во својот официјален допис до јавноста, брендот реферира: Чизмите на изглед се волуменозни, но за носење се лесни. Го насетувате добриот маркетиншки трик? Баленсијага си направи добра реклама. А Твитер заедницата им помогна во тоа, се разбира заедно со Канје.

Инаку раперот во својот имиџ често форсира сличен фазон на чизми, а особено омилени му се Работничките модели на Red Wing, но сепак не беа доволен предизвик за вирално да бидат споделувани како оние на Баленсијага.

 

Објавено:
26 мај 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.281 пати