Новите модни комбинации на Кери Бредшо

15 јули 2021

Снимањето на новите епизоди од „Сексот и градот“ започна, а новите 10 епизоди под називот „And just like that...“ будат возбуда кај публиката не само поради главните ликови, туку и нивните модни комбинации.

Кери Бредшо е една од најголемите модни икони од тв екраните, а серијата стана меѓу најпопуларните и омилените и поради исклучително модно храбрата костимографија.

Години подоцна, Сара Џесика Паркер (56) повторно ја гледаме во улога на колумнистката Бредшо, со нови модни комбинации.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BIG CITY (@bradshaw_baby)

Од првата фотографија видовме дека миксот на принтови ќе биде повторно нејзино обележје.

А новите фотографии го потврдуваат токму тоа.

 Ја гледаме како успешно спојува различни парчиња, носи две чанти истовремено, а чевлите секако повторно се меѓу омилените модни додатоци.

Сара Џесика Паркер беше во фокусот на вниманието на публиката и поради седата коса која не ја крие, што наиде на одобрување од другата страна на екранот.

 Најголемиот дел од коментарите се дека костимографите и стилистите повторно завршиле одлична работа, но има и такви кои сметаат дека овој пат не е доволно прикажан стилот на Кери Бредшо.

Сепак, од неколку фотографии не би можеле да го оформиме крајниот впечаток, но она што првично го гледаме е интересно и буди интерес со нетрепение да ги очекуваме и другите модни комбинации.

Како вам ви се допаѓаат?

Објавено:
15 јули 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.589 пати