Новогодишниот караван на Тинекс шири празнична магија низ Македонија

22 декември 2016

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, традиционално компанијата Тинекс организира новогодишен караван кој претставува вистинска радост за најмалите дечиња од социјално ранливите категории.

Од  „Дневниот центар за деца од улица Шуто Оризари” Дедо Мраз и украсениот новогодишен камион со пакетчиња тргнаа на патување низ Македонија со порака дека секое дете заслужува да ја почувствува топлината и среќата на новогодишните празници.

Караванот, во  текот на следните денови, ќе посети околу 50 установи како дневни центри, здруженија, училишта за деца со посебни потреби, заводи за рехабилитација и здравствени установи за грижа и згрижување на деца од ранливите категории и ќе подели близу 2.500 новогодишни пакетчиња низ 13 градови во Македонија: Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Неготино, Кавадарци, Струга, Гевгелија, Охрид, Прилеп, Битола, Крушево и Скопје.

Новогодишниот караван е дел од активностите на платформата „Тинекс, ти и јас“, во чии рамки годинава се реализирани повеќе донации и активности во областа на социјално ранливите групи, спортот, културата и традицијата, здравството и образованието со вкупна вредност над 15.000.000 денари.

Оваа година,  најголемо внимание во областа на донаторските активности е посветено на децата. Една од позначајните општествено одговорни активности која Тинекс ја започна неодамна е акцијата за помош на многудетните семејства во Македонија. Во текот на една година, компанијата ќе им помогне на 100 деца од 20 многудетни семејства со социјален ризик на егзистенција и ретки  болести и за таа цел ќе бидат донирани околу 1.500.000 ден помош за нивните примарни потреби.

Тинекс е секогаш на врвот на општествено одговорни компании кои негуваат филантропски дух и постојано им помагаат на оние на кои им е неопходна помош.

Објавено:
22 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
209 пати