Новото лице на Шанел

11 март 2016

Уште една ќерка на холивудски пар влезе во семејството на Шанел. Се работи за младата актерка, пејачка и текстописец Вилоу Смит, ќерка на Вил и Џејда Смит.

Нејзината моќна и впечатлива појава беше доволна причина Карл Лагерфелд да ја препознае како новиот бренд амбасадор на Шанел, а и самата Вилоу е голем фан на луксузната модна куќа.

Со своите 15 години, таа му се придружи на елитното друштво заштитни лица на Шанел меѓу кои се и Дајан Кругер, Кристен Стјуард и Алис Делал.

Инаку Вилоу не е единствената од семејството Смит која зачекори во модниот свет. Нејзиниот постар брат Џејден неодамна се појави во кампања на Луј Витон облечен во здолниште.

 

Објавено:
11 март 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.383 пати