„Нутела“ има свој фантастичен божиќен џемпер

25 ноември 2020

Божиќните џемпери (Ugly Christmas Sweaters) или ги сакате или не. Ако сте во првата група, тогаш сигурни сме дека и првиот ваков модел на компанијата „Нутела“ ќе ви се допаѓа.

Основата е црвена, а збогатен е со бели шари и секако во средината има еурокрем теглички, меѓу кои има срциња. На работ на џемперот е зашиено и логото на брендот, така што нема шанси да не го препознаете.

 

За да го направи овој празничен период што повесел, од компанијата одлучија да подарат 200 џемпери. На страната на „Нутела“ има посебно место за пријавување, а од еден мејл може да се аплицира три пати.

Сепак, шанса да се натпреваруваат ќе имаат граѓаните на Британија и Ирска. Но, доколку имате некој роднина, пријател, близок таму, ете шанса да добие уникатен празничен подарок.

Објавено:
25 ноември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
522 пати