Дел од креациите на Чарлс Џејмс
Откога во месец август минатата 2013-та година на Мет забавата на американскиот Инстиститут за костими беше поставена изложбата на тема „Панк: од хаос до висока мода“ во музејот Метрополитен, за претстојниот месец мај е предвидена изложба што ги претставува делата на првиот познат американски дизајнер Чарлс Џејмс.
Поставка од темата „Панк: од хаос до висока мода“
Според протоколот на Институтот за костими како и оној на престижниот Метрополитен музеј каде воедно и се одржува престижниот настан, на сите посетители им се наложува строго почитување на дрес код. Во правилникот за изгледот стои дека жените треба исклучиво да носат макси свечени тоалети, додека пак за мажите задолжителен е смокинг комбиниран со бела кошула.
Креација Чарлс Џејмс 1948 година
Инаку, со отворањето на изложбата во чест на котуриерот Чарлс Џејмс, Институтот за костими ќе биде преименуван во „Центар за костими Ана Винтур“.