Објавена програмата на дванаесеттиот Моден викенд Скопје

8 октомври 2015

Дванаесеттиот Моден викенд Скопје под мотото „Модата и културното наследство", на 21 октомври во Музејот на Македонија ќе го отвори модна изложба составена од финалните дела произлезени од неколкумесечниот проект „Модата и културното наследство", додека ревијалниот дел стартува ден подоцна и ќе трае се до 25 октомври.

Модната изложба „Свадбени приказни" со која ќе започне сезоната есен/зима 2015/2016 е во реализација на Британскиот совет во Македонија како организатор, и Европски универзитет – Р. Македонија со Музеј на Македонија како партнери. Студентите од моден и графички дизајн, во соработка со студентите од дизајн на ентериер и кустосите од Музејот, на изложбата ќе претстават приказни преку кои ќе дадат свои, современи интерпретации на облеката, текстилот и накитот од локалните свадбени традиции. Во текот на целиот Моден викенд во Музејот, под покровителство на "Lotus Lounge Chair" , по прв пат ќе се случува "Lotus Cozy Cinema". Освен краткиот филм „ Четврток" на Милчо Манчевски, ќе бидат прикажани и други македонски кратки филмови поддржани од Aгенцијата за филм на РМ и проекции на модни филмови од програмата „Dressing the Screen" обезбедена од Британски совет во Македонија.

Веќе следниот ден на 22 октомври, посетителите на Моден викенд Скопје ќе имаат можност да ја видат ревијата на Игор Марков во Музејот на Град Скопје. Последните три дена ( 23, 24 и 25 октомври) ќе се одвиваат во Музејот на Македонија, кадешто ќе ги видиме најновите колекции на Јована Филиповиќ, Елена Спасовска , познатата косовска дизајнерка Венера Мустафа , турскиот моден бренд „Kigili" , Митко Занов, Ирина Тошева поддржана од MyTime , Роберт Ивановски, Кристина Цветковска, Олгица Ѓоргиева поддржана од D'Eyeko и за прв пат во Македонија руската модна куќа „ N by Z".
Моделите на модна куќа „N by Z" која работи една деценија ги потпишува дизајнерката Наталија Злодјарева. Познатата руска модна куќа годишно лансира по две нови колекции и 7 капсулни колекции со ограничена серија а креациите се продаваат во Русија, Шпанија, Грција, Италија и други европски земји.

Како дел од новата сезона на Моден викенд Скопје, ќе биде реализиран и проектот „Професионално менторство, соработка и размена на знаења и техники меѓу дизајнерите и фабриките " кој е поддржан од Министерството за економија на РМ, односно Секторот зa претприемништво и иновации. Проектот резултираше со соработка помеѓу дизајнерката Ирина Тошева и македонската фабрика за спортска гардероба „Цеботекс". Колекцијата ќе биде премиерно прикажана во декември.
Концепт-дизајнот за визуелниот имиџот на Моден викенд Скопје 12 го потпишува Јована Зука.
Генерален покровител на настанот е Општина Чаир.

Моден викенд Скопје со „Пакомак" ја продолжува еко- приказната „Да го зачуваме зеленилото" и затоа сите печатени материјали сезонава ќе бидат направени од рециклирана хартија.

Официјалниот партнер за шминка е Gosh . За фризурите на моделите ќе се погрижи „Lakme" во соработка со Едукативниот центар „Кариера плус". Официјалниот дерма бјути партнер е „Vichy". На дванаесеттото издание „Космо" ни ги презентира официјалните парфеми на настанот : BVL Aqua Divina и La Pantere на француската куќа „Cartier".

Сезонава посетителите на нашите забави ќе можат да го пијат официјалното пиво на настанот, познатото српско пиво „Кабинет".
Останати покровители на настанот :
Министерство за економија на РМ, Британски совет во Македонија и Музеј на Македонија.
Поддржувачи на Моден викенд Скопје:
Генерален партнер на настанот и оваа сезона е Пелистерка вода
Официјално возило на настанот : Porsche , Официјална водка – Finlandia , проектен партнер– Knauf, наш партнер за блескава насмевка- White Glo .
• Новиот дигитален дом на Моден викенд Скопје е на Инстаграм @fashionweekendskopje
• За најновите информации, новости и случувања посетете ја нашата страница www.fashionweekendskopje.mk
• Присутни сме и на Твитер / @FW_SK.

 

 

Објавено:
8 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.269 пати