Објавени номинациите за „модните Оскари“

16 октомври 2015

Британските модни награди се едни од најпрестижните во модната индустрија и со тоа едни од најочекуваните. Годинешното доделување ќе се одржи на 23-ти ноември во Лондон, а номинациите веќе се објавени.

Годинава за најдобра креација на црвениот килим ќе се борат Том Форд, Роксанда Илинчиќ, Ердем и Кристофер Кејн.

За најдобар модел номинирани се  Џорџија Меј Џегер, Џордан Дан и Малаика Фирт, а за најдобра кампања ќе се борат Барбери, Селин и Живанши.

Кога се брендовите во прашање, борбата ќе биде помеѓу Александар Меквин, Ања Хиндмарк, Барбери и Стела Макартни.

Целосната листа на номинирани можете да ја погледнете тука.

Оваа манифестација секогаш е проследена со интересни модни комбинации и на црвениот килим, па несомнено дека покрај наградите, овој дел ќе биде проследен со големо внимание. 

Објавено:
16 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
433 пати