Од денеска, купете си дизајнерско парче и на eBay!

11 јуни 2014

Од денеска, една од најпознатите американски платформи за онлајн продажба, eBay отвора нова секција за која се верува дека ќе смени многу работи!

Под името „Designer Collective“, eBay од денеска лансира посебен дел на нивната веб страница каде што сите обожаватели на американските познати дизајнери ќе можат да си купат парчиња од нивните колекции.

Дел од новата услуга на eBay се колекциите на Калвин Клајн, Синтија Раули, Ребека Минкоф, Били Реид, Руфиан и други. Секој дизајнер, ќе има посебен дел на веб страницата со т.н излог, многу сличен на оние модни интернет сајтови каде што досега можеше да се најдат нивните колекции.

Директорот за продажба на eBay Девин Вениг, вели дека нивната нова секција ќе им помогне на дизајнерите да се зголеми нивното онлајн присуство и да добијат нови клиенти, со оглед на тоа што нивниот сајт е неверојатно посетен.

Она што тој дополнително го соопшти, е дека кон крајот на оваа година, нивната нова платформа со дизајнерски парчиња ќе биде достапна и за граѓаните што не се жители на САД, а како дел од истата ќе бидат и различни стории од блогери и приказни за луѓе со уникатен стил.

Објавено:
11 јуни 2014
Категорија: 
Актуел