Од есен Harper’s Bazaar доаѓа во Србија

26 јули 2014

Компанијата Attica Media со гордост најавија дека од 22 септември, Србија официјално ќе го претстави првиот број на Harper’s Bazaar. Воедно ова е и прво лиценцирано издание на овој магазин во регионот, што дополнително придонесува за збогатување на модната сцена со квалитетно четиво.

За лансирањето на првиот број на Harper’s Bazaar напорно работи квалитетен тим под раководство на Петар Јаношевиќ, а модниот магазин ќе се продава во целиот регион.

Објавено:
26 јули 2014
Категорија: 
Актуел