Од Келвин Клајн до Ралф Лорен за работа од соништата

12 јули 2014

Модниот бренд Ралф Лорен го назначи Малколм Карфре за претседател на одделот за комуникации, односи со јавност и медиуми на светско ниво, откако Карфре си замина од Келвин Клајн по 11 години служба.

„Тажен сум што го напуштам семејството Келвин Клајн и навистина ќе ми недостасуваат, но од друга страна многу сум возбуден што ќе се придружам на тимот на Лорен во овој, многу важен момент за брендот. Ова за мене претставува многу важна одлука во животот“, изјави Карфре.

Како дел од тимот на Ралф Лорен, Карфре ќе биде задолжен за областите како односи со јавност на светско ниво, корпоративни комуникации, интерни комуникации, како и односи со јавните личности и социјални медиуми.

Се очекува Карфре да остане на работното место во Келвин Клајн до 21 овој месец и да ја почне новата улога во Ралф Лорен на 29 – ти каде Вини Лернер, која досега ја вршеше функцијата, ќе му го пренесе искуството и ќе го спроведе низ работатната агенда.

Објавено:
12 јули 2014
Категорија: 
Актуел