Од Њујорк во Скопје - брендирана спортска облека со македонски потпис

6 март 2015

Di Biaggio е иновативна компанија за спортска облека која во 2014 година во Њујорк ја основаше македонката Марија Митевска Дибиаџио. По успешното позиционирање во Њујорк и новиот изложбен салон на Менхетен, сега брендот се враќа во Македонија. Наскоро Di Biaggio отвора свое претставништво во Скопје каде ќе бидат изложени уникатните дизајни зад кои се потпишува Марија.

Марија Митевска Дибиаџио Марија Митевска Дибиаџио

Основната цел на брендот е да понуди спортска облека која е стилизирана и модарна , а истовремено удобна и практична. Di Biaggio изработува аксесоари за трчање и спортска облека за луѓе со широки погледи и спортски дух.

dibiaggio

Главната карактеристика за DiBiaggio New York облеката, е тоа што фаворизира светли и храбри бои кои зрачат со позитивна енергија, храбар карактер, добри вибрации и исклучителна мода. Фокусирани на квалитет и индивидуализам, DiBiaggio New York се стреми да има задоволни клиенти кои сакаат да бидат уникатни и да градат свој стил надвор од границите на обичната спортска и секојдневна облека, да бидат мотивација и да останат различни.

 

Остани различен – Инспирирај

Главниот слоган кој се однесува на вербата дека секоја индивидуа т.е поединец е уникатно различен. Токму затоа ние ја базираме нашата облека врз оваа филозофија, преку позитивниот пристап, вниманието и љубовта кон спортот и спортските активности сакаме да го споделиме и покажеме преку нашите задоволни пријатели и поддржувачи.

Di Biaggio New York е создаден од љубов кон спортската облека и луѓето кои ја носат гордо, па затоа за нашите поддржувачи не користиме термин клиенти или потрошувачи. Спортот е едно големо семејство во кое сите сме еднакви.

„Зошто се враќам во Македонија? Затоа што ме балансира со животот во Њујорк. Јас доаѓам речиси на секои три месеци, имам мајка во Македонија, па кога се враќам често сакам да имам и нешто свое“, вели Марија која инаку е дипломиран професор по физичка култура и во Њујорк претходно работела како личен тренер во една од најелитните теретани на петтата авенија.

Брендот е поддржан од Маурицио Дибиаџо, еден од главните изработувачи на накит за Живанши во Њујорк.

Покрај бизнисот со спортска облека, Марија е и ангажиран активист за човекови права. Таа ја формираше невладината организација Pink Support  која самата ја финансира и е фокусирана на правата на маргинализираните категории на граѓани. Реалноста на маргинализираните се прикажува преку индивидуални стории каде идејата е преку спорт да се афирмираат правата на овие лица.

victory-casual-shorts

shorcevi-gorun

Наскоро се гледаме во првото претставништво на Di Biaggio во Скопје.

Објавено:
6 март 2015
Категорија: 
Актуел