Од ноември стартува винтиџ модната недела во Милано

28 октомври 2014

Италијанската престолнина на модата, градот Милано на сите модни фанови секоја година традиционално, покрај модната недела која помина спектакуларно, од 7-ми до 9- ти ноември организира и винтиџ модна  недела,  под мотото „Il moderno invecchia, il vecchio ritorna di moda“ (Модерното старее, старото се враќа во мода). Манифестацијата ќе се одржи во просторот на изложбениот салон Рикардо Граси кој се наоѓа на улицата Giovan Battista Piranesi 4.

Настанот како и минатата година е организиран во соработка со најпознатата винтиџ продавница A.N.G.E.L.O, која на посетителите им нуди единствена можност да дознаат нешто повеќе за историјата на костимите, низ богатата ретроспектива на трансформации и дизајни во последните шеесет години. Ова е исто така, одлична можност за сите оние кои ќе успеат да дојдат на настанот, да си купат уникатно винтиџ парче и да си ја збогатат домашната колекција.

Покрај презентациите на A.N.G.E.L.O, во рамките на неколкуте дена, гостите ќе можат да проследат и приказ на неколку други изложувачи кои нудат оригинални модели облека, модни додатоци, накит, предмети изработени од текстил и парчиња мебел. Во склоп со манифестацијата ќе бидат одржани и неколку предавања, семинари и состаноци со цел подобро запознавање на присутните со винтиџ културата.

Објавено:
28 октомври 2014
Категорија: 
Актуел