Од утре во Сити Мол - Празна продавница полно срце

22 август 2013

Иницијативата под наслов „Празна продавница, полно срце“ ќе започне од утре и ќе трае се до 23 септември. Целта на акцијата е да се донираат парчиња облека кои граѓаните немаат намера да ги носат и ќе може да ги остават на празните рафтови низ продавниците во трговскиот центар. Од таму облеката ќе биде превземена од волонтерите на Црвениот Крст и со овој чин ќе се пренесе хуманата порака за помош на оние на кои им е најпотребна.

Објавено:
22 август 2013
Категорија: 
Актуел