Од Венеција до Лондон со Валентино

9 јуни 2014

За третото издание на хуманитарниот караван Cash&Rocket on Tour, креативниот директор Марија Грација Кјури и Пјерпаоло Пичоли беа домаќини на настанот на кој учество земаа 70 жени од разни бранши, како што се модата, музиката, филмот и бизнис секторот.

Караванот започна во Венеција, а со прошетка низ Женева и Париз на 8-ми јуни заврши во Лондон. Кјури возела една од 35-те црвени спортски автомобили, а друштво на четиридневната тура и правеше Франка Созани. Донациите собрани во текот на караванот ќе бидат донирани во организациите  Shine On Sierra Leone, OrphanAid Africa и  Sumbandila, со цел подршка на децата од Африка за подобрување на нивото образование.

Исто така, тимот од модната куќа Валентино ќе донира 20 проценти од продажбата на капсулата колекција Rouge Absolute Signature , како и шест парчиња кои за оваа цел специјално беа дизајнирани од Марија Грација Кјури и Пјерпаоло Пичоли. Парчињата се во впечатлива црвена боја и ќе бидат достапни во продажните салони на Валентино во Париз и Лондон, на интернет шопот на модната куќа и на Net-A-Porter.

Објавено:
9 јуни 2014
Категорија: 
Актуел