Одбележување на „Неделата на разноликост “ со модни парчиња

4 декември 2014

Со изложба на кукли облечени во дизајнерски парчиња поставени со ортопедски помагала, Моден викенд Скопје и Британски совет во Македонија ја одбележуваат и кај нас „Неделата на разноликост“ која се прославува ширум светот од 3-ти до 10-ти декември.

По тој повод во аголот на концептуалната продавница „Lotus Design Store“ во Скопје Сити Мол поставени се кукли во природна големина облечени во креациите на „Squire“ и „Blackout“ на Јован Петровски, „Kufer by Andriana Dineva“, „4 Seasons“ на Марта Мирова, Стефанија Насеска и „Le brand“ надополнети со накит од „M Art“ на Марта Поп- Антоска, „Капка“ на Јана Ацеска и „JZJ by Zlatko Jovanovski“.

Преку поставувањето на изложбата целта е да се укаже на еднаквоста,  дека сите имаме амбиции, желби, копнежи, потреба и можност за  дел од секојдневието на подеднакво ист начин.

Покрај македонските дизајнери на облека и модни додатоци потребата да ја прослави и да се укаже дека различностите не треба да бидат препрека за целосно интегрирање и функционирање во општеството,  ја препознаа и „Fashion group во Македонија“ како и Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ –Скопје .  Изложбата ќе биде поставена до 10-ти декември.

Објавено:
4 декември 2014
Категорија: 
Актуел