Одбери ме мене Марк!

4 април 2014

Кејти Хилиер и Луела Бартли организираа голема медиумска потрага по женски модел кој ќе биде заштитно лице на првата рекламна кампања за брендот на Марк, „Марк Џејкобс“. За да си ја олесни работата ова британско дуо вчера ја промовираше новата апликација на интернет # CastMeMarc hashtag – каде девојките ќе можат да праќаат свои фотографии кои нормално ќе бидат земени предвид се до последниот избор. За еден ден апликацијата буквално ја преплавија милиони „selfie“, фотографии, факт што можеби дополнително ќе и ја отежни работата на двојката.

Марк Џејкобс, сам решил да ги ангажира Кејти и Луела, за тој да може да се концентрира на концептот и визуелизацијата на целата кампања. Џејкобс е познат по неверојатно инвентивните рекламни кампањи и снимања на едиторијали кои што секогаш се многу популарни, гледани и обожавани од неговите фанови. Со што ќе не изненади овој пат останува да видиме.

Објавено:
4 април 2014
Категорија: 
Актуел