Одело што секој маж би го посакал

4 октомври 2014

xthe_suitsy__a_business_suit_onesie__1.jpg.pagespeed.ic.MjPKj7Ulep

Голем број од мажите не се љубители на одела. Или сакаат да ги гледаат, но не често на себе. Е ако се препознавте, тогаш овој изум сигурно ќе ви се допадне.

Иако на прв поглед ова одело изгледа обично - панталони, бела кошула и сако, сепак не е обично, бидејќи се работи за едно парче облека. На тој начин мажите не мора да се заморуваат со закопчување копчиња, скриени патенти и слично.

o-SUITSY-570

Оделото е дизајн на Џес Херцог од Сан Франциско, а вели дека идејата е мажите да изгледаат елегантно и средено, а да се чувствуваат како да сте во пижами.  Оделото се' уште не е во продажба затоа што Џес собира средства за негово производство. Што мислите вие за оваа идеја?

Објавено:
4 октомври 2014
Категорија: 
Актуел