Одлична акција за помош на бездомните животни

28 октомври 2016

Со специјален, тематски дизајн и пакување на дел од производите за деца и жени, La Dama и Ирина Тошева се вклучуваат во поддршка на иницијативата за помош на бездомните животни. 

Во рамки на годинешното издание на Вегефест 2016, што ќе се одржи на 30 октомври, во просториите на Младинскиот културен центар во Скопје, брендот La Dama и дизајнерката Ирина Тошева ќе ја претстават лимитираната колекција женски и детски хулахопки. 

Триесет отсто од секој продаден пар од оваа серија производи ќе бидат наменети за помош на бездомните животни. 

„Со оваа акција ја зацврстуваме соработката на нашиот бренд LA DAMA и модната дизајнерка Ирина Тошева, која се јавува како потписник на оваа лимитирана серија производи. Овој пат инспирирани од животните, ги здруживме силите со цел собирање што повеќе средства за помош на бездомните животни и  искрено се надеваме на поддршка од сите љубители на животните“, вели Љубица Атанасова од La Dama. 

Тие ги покануваат сите што се во можност да го посетат нивното катче на Вегефест во недела (30.10.16) во МКЦ за заедно да им помогнеме на бездомните животни.

Објавено:
28 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
208 пати