Одлична трансформација: Ема Стоун ќе ја гледаме како Круела Девил

27 август 2019

Актерката Ема Стоун ќе биде новата Круела Девил. „Дизни“ прави нова верзија на класикок „101 Далматинец“ од 1961 година, кој ќе го носи насловот „Круела“.

Приказната овој пат ќе се одива во 1970-тите. 

@uarevaa

„Дизни“ информацијата ја сподели преку официјалниот „Твитер“ профил, споделувајќи и фотографија со 30-годишната актерка во улога на Круела.

Црно-белата коса и црвениот кармин остануваат нејзина препознатливост. Со оглед дека на фотографијата е облечена во готски стил, се претпоставува дека допрва ќе следува опсесијата со крзното. Всушност, новиот филм ќе објасни од каде всушност доаѓа опсесијата со крзното од далматинците. 

@miraestapeliya

Интересно е што после „Злобница“ со Анџелина Џоли, ова е втор филм на „Дизни“ каде во главната улога е негативецот.

За потсетување, првиот филм за „101 Далматинец“е снимен 1996 година, а Круела ја толкува фантастичната Глен Клос.

фото извор: vanityfair.com;

 

Објавено:
27 август 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
907 пати