Официјална потврда, Марк Џејкобс го напушти Луј Витон

2 октомври 2013

Откако изминатиот период само се шпекулираше информација дека креативниот директор на брендот Луј Виотн, славниот дизајнер Марк Џејкобс, ја напушта позицијата, сега веста и официјално е потврдена. Џејкобс го напушта своето место поради создавање на сопствена линија облека.

 

За последен пат тој ја претстави и последната колекција дизајнирана за Луј Витон посветена на сите жени што досега го инспирирале. Инаку, Џејкобс за популарниот бренд работеше цели 16 години, а притоа создаваше уникатни парчиња на машка и женска облека кои станаа планетарно популарни.

Објавено:
2 октомври 2013
Категорија: 
Актуел