Огромното шише за вода е главниот моден додаток на познатите

20 април 2021

Жедни за вода или за внимание, познатите ѕвезди ширум Холивуд се' почесто може да се забележат како се шетаат со огромни шишиња за вода во рацете.

Дакота Џонсон, Кендал Џенер, Луси Хејл се само дел од познатите кои покрај чантата секаде со себе го носат и ова шише за вода.

Станува збор за HydroMate таканареченото мотивациско шише за вода, кое чини помалку од 30 долари, а собира околу 2 литри вода. На себе содржи ознаки кои би требало да ве мотивираат да пиете секој час, почнувајќи од 8 наутро. 

Објавено:
20 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.699 пати