Окер бојата на пиедестал оваа есен!

4 август 2016

Веќе неколку дена сме сведоци на објавите за трендовите кои ќе ги обожаваме оваа есен, а денеска ни доаѓа можеби најубавиот од сите.

Ако досега зборувавме за тоа кои парчиња ќе ги носиме претстојната сезона, денеска ви ја откриваме бојата која ќе биде вистински хит.

Окер бојата важи за неверојатно топла нијанса која во своите колекции ја сместија голем број дизајнери меѓу кои и Валентино, Ланван и Гучи кои создадоа совршени долги фустани, јакни и стилски кошули со црни панделки како контраст.

Подеднакво добри парчиња лансираа и голем дел од high street брендовите како Манго, Зара и H & M, каде ќе најдете тренди блузи во оваа боја, но и многу модни додатоци како чанти и чевли.

Џими Чу го следи трендот и за оваа есен предлага класични високи потпетици во боја на „сенф“, додека модната куќа Клое ја претстави познатата „Drew“ чанта токму во оваа нијанса.

Во галеријата погледнете дел од парчињата во окер боја кои ќе владеат оваа есен!

Објавено:
4 август 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.133 пати