Оксфорд Стрит подготвува спектакуларен моден настан

17 август 2013

Пет од најпознатите британски модни  брендови ќе ги виорат своите знамиња над Оксфорд Стрит од 1  до 17 септември,  вклучувајќи се во живо со слика и тон од модните писти на кои ќе се претставуваат колекциите за претстојната сезона есен-зима 2013/14.

 

„Разновидноста на културната сцена и продавниците во околината на Оксфорд Стрит, претставуваат инспирација за мене, бидејќи моите почетоци беа во Централ Ст. Мартинс во 1989 година“, изјави Гилес Дикон. Изборот на најпознатите продавници на Оксфорд Стрит ги вклучуваат Селфридџс, Топшоп, Ривер Ајланд,Гап и H&M, кои ќе се најдат во улога на домаќини и подржувачи на настани и евенти кои ќе се одржуваат во рамки на нивите објекти, ДЈ сетови , интервјуа и слично.

„Во септември во рамките на Модната недела во Лондон големи дизајнерски имиња ќе го престават најдоброто од модната индустрија за претстојната сезона и сметам дека ова е одлична причина да се слави со стил на една од најпознатите шопинг улици“, изјави генералниот директор Британскиот Конзулат Каролина Раш.

 

 

Ова партнерство е со една единствена цел, клиентите и воопшто луѓето од светот на еден поинаков начин да го доживеат чувството на возбуда кое ги опкружува додека се дел од Лондонската модна недела.

 

Објавено:
17 август 2013
Категорија: 
Актуел