Олимпиецот што плете стана вистински интеренет хит и е неверојатно умешен

2 август 2021

Пред неколку дена, британскиот олимпиец Том Дејли, освои златен медал во дисциплината скокови во вода.

Тој досега има четири олимписки медали, но сепак спортот не е неговиот единствен талент.

Имено, Том стана ултра популарен откако телевизиските камери го фатија како на трибините плете торбичка за својот златен медал.

Многумина се насмеаја, многумина се изненадија, но реалноста е дека Дејли е мошне познат по својата љубов према плетењето и хеклањето.

Тој е заштитно лице на една компанија за материјали за плетење, а воедно има и посебна Инстаграм страница @madewithlovebytomdaley, каде ги пласира своите креации и го следеа околу 100.000 луѓе, а тој број после снимката од трибините е зголемен за четири пати. 

И од она што го гледаме, Том е сериозен плетач, кој создава џемпери, фустани, модни додатоци... Па, сигурни сме дека би бил успешен и кога би отворил свој бренд.

 

Објавено:
2 август 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.225 пати