Оливија Палермо и Гери Пепер меѓу највпечатливите победнички на Bloglovin’ наградите

9 септември 2014

Како што и очекувавме, уникатната Оливија Палермо ги победи сите во категоријата „Најдобар celebrity блог“ на годинешните Bloglovin’ награди, додека уникатната и фасцинантна Никол Варн од блогот „Гери Пепер“ беше избрана за најдобра во категоријата „Блог со најдобра фотографија“ за изминатата година.

Одличните и секогаш креативни, сајтот Refinery29, победија во категоријата „Најдобар моден блог за вести“, додека за најдобар street style блог беше избран оној на Скот Шуман под името The Sartorialist, каде секогаш можете да најдете страшна инспирација за улична мода.

The Sartorialist The Sartorialist

Неверојатните Cupcakes and Cashmere каде секогаш можете да најдете совршена инспирација за најубавите декорирани јадења на светот, победија во категоријата „Најдобар lifestyle блог“, додека прекрасната Кјара Ферањи од The Blonde Salad, дома си замина со наградата за најдобар блог за личен стил.

The Blonde Salad by Chiara Ferragni The Blonde Salad by Chiara Ferragni

Лидер кај мажите – блогери, дефинитивно беше Адам Галагер од блогот „I am Galla“, кој победи неколку одлични стилски момци со неговите секогаш беспрекорни, тренди и инспиративни комбинации што ги постира.

I am Galla I am Galla

За откритие на годината, беше избрана прекрасната девојка, предводничка на блогот Chapter Friday, која на неверојатен начин ни ги прикажува нејзините интереси во животот и не учи како да бидеме посреќни преку малите задоволства.

Chapter friday Chapter friday

Во продолжение, погледнете како помина доделувањето на наградите каде некои од најдобрите светски блогери се појавија во супер впечатливи изданија, како што и очекувавме!

Објавено:
9 септември 2014
Категорија: 
Актуел