Robert Denning, Olivia Palermo
Модната икона Оливија Палермо во соработка со американскиот бренд Weastward Leaning, специјализиран за производство на очила за сонце, ги лансираа најновите модели создадени во заедничка соработка. Од Weastward Leaning се препознатливи по тоа што имплементираат специфични материјали. Од целосната колекција очила, Палермо дизајнираше осум модели заедно со креативниот директор на брендот, Роберт Денинг.
Инаку, Оливија е верна на брендот како нивен амбасадор уште од 202 година. Моделите имаат знатна нијанса на огледални стакла, а Палермо за истите вели дека сакале да постигнат впечатлив, но не премногу нападен модел на летни очила. На промоцијата присуствуваа голем број соработници и поддржувачи, кои ги пробаа новите очила чија цена изнесува 210 долари.