Оливија Палермо отвора моден бренд под своето име

13 ноември 2019

По бројните соработки со светски модни брендови и капсулни колекции за различни етикети, модната инфлуенсерка Оливија Палермо очекувано отвора сопствен моден бренд.

Таа информацијата ја објави на социјалните мрежи и најави дека првата колекција под нејзината модна етикета ќе биде лансирана во февруари 2020 година, за сезоната пролет-лето 2020.

Во своето објаснување за естетиката на која ќе се базира нејзиниот бренд, Оливија посочува на добри кроеви, безвременост, инспирирани од нејзиниот личен стил, но и од имиџот на жените со кои се среќавала за време на своите патувања низ светот.

Колекцијата ќе вклучува 52 парчиња, меѓу кои и такви изработени од кожа и свила, препознатливи за нејзинот личен стил.

„Добивам инспирација од моите константни патувања. Се инспирирам од жените од уличната мода низ целиот свет, како тие ентузијастички пристапуваат во однос на своите аутфити..." вели во изјава за WWD, Палермо.

Таа додава дека нови парчиња во континуитет ќе има на секои шест до осум недели, што укажува на нејзината голема амбиција за брзиот прогрес на брендот. Притоа нагласува дека парчињата ќе бидат функционално дизајнирани во контекст на тоа да може лесно да се комбинираат меѓусебе, но и со остатокот од парчињата во вашиот гардеробер.

Со нетрпение го очекуваме февруари!

Фото: Инстаграм

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Olivia Palermo (@oliviapalermo) onNov 12, 2019 at 5:09am PST

Објавено:
13 ноември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
456 пати