Омајгад ќе го прослави првиот роденден со тринаесет часовна забава

28 август 2014

Модниот бренд Омајгад, зад чиј псевдоним се крие името на младиот и талентиран графички дизајнер Гоце Велески, за 13-ти септември во романтичната атмосфера на Кафе барот Љубов ја најави својата прва роденденска прослава.

Имено, за оваа една година Велески претстави три урбани колекции на маички по чии кирилични слогани скопските фраери и фраерки полудеа. Станува збор за „Кирилицата што се носи“, „За Скопје со љубов“ и „Кирилицата што се носи 2.0“. Колоритните маички во свежи бои беа моден адут на голем број девојки и момчиња, а впечатливите наслови „Си грмам“ од последната колекција и „Знаеш дека ти се свиѓам“ од колекцијата „За Скопје со љубов“ се покажаа како најпопуларни и најбарани.

Затоа, на 13-ти септември, со почеток во 12 часот попладне, па се до 01.00 часот по полноќ дојдете на тринаесет часовна дружба и забава да го прославиме првиот роденден каде сите заедно ќе ја носиме кирилицата на градот.

 

 

Објавено:
28 август 2014
Категорија: 
Актуел