Онлајн концерт за Њујорк со Џеј Ло, Мараја Кери, Стинг и Барбара Стрејсенд

11 мај 2020

Rise Up New York“ е насловот на онлајн концертот кој ќе се случува ноќва, а со цел собирање средства за борбата против Ковид-19.

Концертот е во организација на iHeartMedia и најголемата хуманитарна организација во Њујорк, „Робин Худ“.

На истиот ќе земат учество голем број познати ѕвезди. Водителка ќе биде актерката Тина Феј, а меѓу изведувачите се и Бон Џови, Били Џоел, Мараја Кери, Стинг, како и Џенифер Лопез, Барбара Стрејсенд, Тревор Ноа, Роберт де Ниро, Џими Фелон и многу други.

Концертот е закажан за 19 часот во Њујорк, односно 1 часот по полноќ кај нас. За оние што можеби можат да си дозволат да го гледаат така доцна, „Еј Би Си Њујз“  е една од мрежите што ќе има стриминг во живо, како и Фејсбук.

Со оглед на тоа дека Њујорк е најпогодениот град од вирусот, ова е еден од начините со кои организаторите и изведувачите сакаат да ја дадат својата поддршка за народот и медицинските работници.

Објавено:
11 мај 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
136 пати
Тагови: 
концерт