Оскар де ла Рента прими нов член во тимот

14 октомври 2014

 

Oscar

Оскар де ла Рента потврди дека неговата одлука за местото на креативен директор да му припадне на Петер Копинг е дефинитивна. После неколку недели шпекулации, дека Копинг ќе добие нова улога, потврдата дека веќе не е во тимот на Нина Ричи, каде беше уметнички директор пет години.

Ова е прв пат Де ла Рента да донесе некој во неговиот тим во тоа својство, но сепак, со овој чекор познатиот дизајнер се надева дека ќе придонесе за долговечноста на својот бренд.

Питер Копинг Питер Копинг

-Нашата индустрија не секогаш ја избира вистинската работа кога е во прашање промената на дизајнерското водство. Се надевам дека учествувајќи во оваа „транзиција“, ќе ја обезбедам вистинската иднина за нашата компанија и бренд. Многу сум среќен што Питер се согласи да ни се придружи. Тој е одличен талент и имаме слични дизајнерски сензибилитети, и двајцата сме мошне љуботипни за се она што се содржи во светот, од музика и уметност, до архитектура и градини - вели Де ла Рента.

Објавено:
14 октомври 2014
Категорија: 
Актуел