Оскари 2019: Сите изданија на црвениот килим

25 февруари 2019

Најгламурозната ноќ во која се слави филмската уметност, доделувањето на најпрестижните филмски награди Оскари 2019 – вечерва се одржува по 91. пат во култниот „Долби" театар во Лос Анџелес.

Во листата на номинираните, се фаворизираат неколку имиња, меѓу кои и актерите Рами Малек, Бредли Купер, Кристијан Бејл, Лејди Гага, Глен Клос, Ејми Адамс, Ема Стоун, како и насловите „A star is born", „Vice", „Geen book", „Bohemian Rhapsody", „The favourite"... Сите сме во очекување, кои ќе бидат конечните победници – дали некои од фаворитите или можеби ќе има изненадувања?

Во меѓувреме, го следиме оскаровскиот црвен килим што важи за најскапата црвена патека која тежи милиони и на која во една ноќ може да се видат најлуксузните дизајнерски дела на светските модни куќи.
Во галеријата во продолжение, ги сублимираме највпечатливите изданија на годинешниов оскаровски црвен килим.

Кои се вашите фаворити?

 

Објавено:
25 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.863 пати