Осмо издание на Пиволенд

13 август 2015

Ова лето по осми пат во Скопје ќе се одржи Гурманскиот викенд со пиво- Пиволенд во организација на „Темов" и град Скопје.

Од втори до шести септември посетителите ќе имаат можност да уживаат во над 30 пивски брендови, како и деликатесни гурмански специјалитети кои одлично одат со пиво.

„Пет дена забава, дегустација на пиво и музика која ќе ги задоволи сите вкусови.
Како и претходните години фестивалот ќе се одржи на Скопското Кале, збогатен со голем број забавни активности и игри кои ќе придонесат за уште подобра атмосфера", велат организаторите.

Традицијата продолжува под мотото „ Дојди, види, испиј!".

Објавено:
13 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
826 пати