Осум жени го обвинија Морган Фримен за сексуално злоставување

28 мај 2018

Холивуд не престанува да се тресе од скандали. „Си-ен-ен“ викендов објави вест, дека актерот Морган Фримен сексуално злоставувал жени.

Имено, досега осум жени го обвинија оскровецот за несоодветно однесување, од недолични сексуални коментари, до допирање без нивна дозвола. Во новата истражувачка приказна што ја пренесува „Си-ен-ен“, разговарано е со 16 лица, осум од нив однесувањето на актерот го нарекоа како „злоставување“ и „недолично“, додека останатите осум изјавија дека посведочиле на ситуациите.

Како се вели во текстот, неубавите моменти се случувале за време на сетовите и во неговата продуцентска компанија „Revelations Entertainment“. Но, ниту една од жените не се осмелила да го пријави Фриман, бидејќи стравувале дека ќе го загубат работното место.

Актерот на ваквите обвинувања, одговори со изјава во писмена форма која ја достави до „Си-ен-ен“.

„Секој што ме познава или работел со мене знае дека не сум некој што намерно би навредил или свесно би направил некој да се чувствува непријатно. Се извинувам на сите што се почувствувале омаловажено и непријатно. Никогаш немав таква намера“, се вели во изјавата.

Потоа следеше уште една во која се вели:

„Разочаран сум што 80 години од мојот живот се на ризик да бидат „покопани“ во очите на јавноста по обвиненијата изнесени во четвртокот во медиумите. Но, сакам едно да биде јасно: Не сум создал несигурна средина за работа. Не сум навредувал жени. Не сум нудел вработување или напредок во размена со секс. Секоја сугестија во таа насока е комплетна лага“.

Тој додва дека е некој што има потреба да направи мажите и жените во неговото опкружување да се чувствуваат сигурно и ценето. Во тој контекст, тој честопати се шегува со неговите вработени, им дава комплименти на жените, што го сметал за безопасни шеги.

„Очигледно не секогаш сум бил разбран во намерата. И токму затоа и се извинив во официјалното соопштение и ќе продолжам да се извинувам на секој што се почувствувал вознемирен, секако ненамерно“, вели 80-годишниот актер.

Дузина други луѓе исто така посведочија за „Си-ен-ен“ дека никогаш не присуствувале на било какво несоодветно однесување од страна на Фримен и дека го сметаат за исклучително професионален човек.

Од друга страна, „Си-ен-ен“ исконтактира со други луѓе на тема несоодветно однесување на работното место, а тие го посочиле Морган Фримен самоиницијативно, без било какво поттикнување од страна на медиумот.

Жените што го обвинуваат велат дека давал несоодветни, сексуални коментари на сметка на нивното тело, што довело и дотаму да не носат официјална, деловна облека кога е тој во нивна близина. Како велат, ги терал да се вртат околу него, ги гледал од горе надолу и обратно, а еднаш се доближил до практиканка и почнал да ѝ ги масира рамениците, сè додека таа не се тргнала.

Поранешна вработена во неговата продуцентска куќа изјави дека за време на сет на снимањето „Through the Wormhole“, опкружен со мажи, ја гледал од глава до петици и ја прашал: „Што мислиш за сексуално злоставување?“, а таа саркастично му одговорил „Го обожувам“. Според нејзиното кажување, Форман се свртел кон мажите и им рекол: „Гледате момци, вака се прави тоа“.

Ако се прашувате зошто токму „Си-ен-ен“ покрена истрага, причината лежи во непријатното искуство на нивната репортерка Клое Мелас со Морган Фримен.

Клое Мелас

Таа присуствувала на прес-конференција по повод филмот „Going in Style“, во шести месец од бременоста, а како вели Фриман ѝ се обратил со зборовите, „Би сакал да сум таму (во стомакот). Ти си зрела“.

Мелас го пријавила инцидентот во „Си-ен-ен“, кој не можел да преземе ништо бидејќи само еден од коментарите бил фатен на видеото. Затоа, Мелас почнала да контактира луѓе кои соработувале со него, прашувајќи ги дали имале слични искуства, а месеци истражување конечно беа објавени јавно изминатиов викенд.

Една од жентие, која побарала да остане анонимна, била вработена во неговата компанија како асистент на продуцентот и работела на филмот „Going in Stylе“ во 2015 година. Таа изјавила како Морган секојдневно правел таа да се чувствува непријатно.

Алан Аркин и Морган Фримен

„Постојано се обидуваше да ми го крене здолништето и ме прашуваше дали носам долна облека. Алан Аркин (кој исто така глуми во филмот) му кажуваше да престане, но Морган се изнервира не знаеше што да каже“, вели асистентката.

Аркин бил недостапен за коментар, а каква ќе биде разврската на оваа приказна, останува да видиме.

Објавено:
28 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
551 пати