Отворен повик на концептуалната продавница „Јавна соба“ за модни и продукт дизајнери

8 октомври 2015

Новоотворениот центар за дизајн и иновации Јавна соба распишува отворен повик за сите модни и продукт дизајнери од Македонија кои имаат готов производ или серија на производи и сакаат да склучат договор за комисиона продажба во Јавна соба.

КОЈ?
Компании и самостојни активни модни и продукт дизајнери кои веќе имаат изработено парчиња мебел, помагала за во домаќинство, облека и аксесоари или се во фаза на подготовка за производство на истите, се добредојдени да стапат во контакт со организацијата Јавна соба. Просторот во продавницата е лимитиран, а со тоа и бројот на компании и автори кои ќе можат да склучат договор за комисиона продажба.

Рокот за пријавување е до 15-ти октомври 2015 година.

ПРИЈАВА

Секој кандидат треба:
1. Целосно да ја пополни пријавата.
2. Да испрати максимум 5 фотографии или скици во JPG или PDF не потешки од 4 MB вкупно од производот или серијата на производи кои ги нуди за комисиона продажба. Одберете ги фотографиите или скиците кои најдобро ќе го претстават вашиот производ/серија на производи. Фотографиите/скиците сочувајте ги со вашето име и презиме и испратете ги преку www.wetransfer.com на marija@publicroom.org, при што со самото испраќање добивате автоматска порака кога ќе бидат симнати од страна на Јавна соба.

Објавено:
8 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.201 пати