Отворени бутиците во Лондон - редици луѓе чекаат за шопинг

27 април 2021

Британски магазин „Дејли мејл“ неодамна објави фотографии од редици луѓе кои чекаат пред познати брендови за шопинг.

Имено, лондонските продавници од неодамна се отворени, а пред „Диор“, „Гучи“, „Барбери“ забележани се редици подолги од самите згради. 

Првите статистики покажуваат дека за само неколку дена, бројот на посетители за разлика од претходно е зголемен за 88%. Исто така, се забележува и зголемен приход, што значи дека тие што доаѓаат навистина и купуваат. 

Ваквиот тренд е добар знак за оние што имаат физички продавници, не само онлајн, бидејќи јасно ја покажува желбата на луѓето да се вратат на стариот добар начин на купување.

„Сметам дека после неколку месеци ограничувања, луѓето се подготвени да се вратат на секојдневниот живот, да се дотераат, излезат и да уживаат во модата.  Сите сакаат да се дотераат, да патуваат, да живеат како што навикнале, а овие редици пред дуќаните го покажуваат токму тоа“, вели Винтур за „Дејли мејл“.

Дел од сопствениците на дуќаните, како и на модните брендови велат дека се среќни поради трендот на растење на потрошувачката и посетата на продавниците. Тие додадваат дека забраната за родендени, свадби и секакви други прослави било сериозен удар за сите, но дека се воодушевени, дури и изненадени од одзивот на луѓето после намалувањето на рестрикциите.

Оксфордска улица во Лондон

 

фото: dailymail.co.uk

Објавено:
27 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
178 пати