Ова е бојата што ќе ја одбележи 2015!

5 декември 2014

Ако изминатата година помина во знакот на нежната виолетова, следната година дефинитивно ќе биде обоена во црвени нијанси!

Компанијата „Пантон“ објави дека прекрасната боја марсала ќе биде онаа што ќе ја одбележи претстојната година. Марсала е всушност вид на црвено вино кое се прави во истоимениот град на Сицилија, а бојата е комбинација од црвена со примеси на розева и кафена.

Години наназад, компанијата „Пантон“ соработува со козметичкиот гигант Сефора кои изработија специјална капсулна колекција со тренди бојата за претстојната година.

Изминатава година, бојата ја најавија и неколку тренди предвеснички. Една од нив секако беше и прекрасната актерка Блејк Лајвли која во месец мај се појави во одлична тоалета токму во оваа боја. Од трендот не изостанаа ниту Тејлор Свифт, Оливија Палермо, Зое Салдана и Клое Кардашијан.

Покрај тоа што следната година улиците ќе бидат целосно обоени во прекрасната марсала, воопшто не двоумете се и уште веднаш да си набавите козметички производи во марсала нијанси. Особено актуелни се сенките, но секако и прекрасните нежни кармини кои ќе остават огромен впечаток каде и да се појавите.

Во продолжение, погледнете неколку парчиња во оваа боја, но и целосната козметичка линија на одличните Сефора која многу наскоро ќе биде пуштена во продажба.

Среќен шопинг!

Објавено:
5 декември 2014
Категорија: 
Актуел