Ова е јунската агенда на модните недели од Лондон,Њујорк и Париз

5 јуни 2014

Овој месец од 2014 година нема да помине тивко без ниту една модна недела од модните метрополи. Од седмиците на  јуни, во Лондон, Њујорк и Париз ќе се одржат ревии за машка мода, таква за жени со облини, како и за висока мода. Наскоро ни доаѓа неделата на висока мода во Париз која почнува од  6-ти јули  и ќе трае се до 11-ти. Париз нема да престане да пулсира во ритамот на модата и од 25-ти јуни до 29-ти овој  месец, кога ќе се одржи и машката модна недела.  Во Лондон пак, исто така ќе се презентираат машки колекции на британски брендови, кои во периодот од 15-ти до 17-ти јуни ќе ги претстават своите најнови модни гледишта за машката мода. На овој тридневен моден настан освен реномирани британски брендови, свои колекции ќе презентираат и млади креативни дизајнери на машка облека. Њујорк, од 16-ти до 21-ви јуни ќе биде домаќин на модна недела за жени со облини.

Во Америка има повеќе од 40 милиони жени кои носат plus size конфекциски броеви, што во просек на државно ниво се трошат повеќе од 25 милијарди долари на ваква облека. Оваа модна недела веќе се смета за престижна, а за првпат во историјата ќе се здружат независните модни дизајнери, трговците на мало, продуцентите на настани и моделите, се со цел да се дојде до стекнување на поинакво искуство во однос на пласирањето облека за жените со облини.

Објавено:
5 јуни 2014
Категорија: 
Актуел