Ова е модерната и најнеодолива поддршка на Викторија Бекам!

10 февруари 2014

Во рамки на њујоршката модна недела дизајнерката Викторија Бекам вчера имаше одлична ревија на која ја претстави својата колекција за сезоната есен-зима 2014/2015.

Во првите редови, покрај нејзините обожаватели, пријатели и соработници, седеше и целото семејство кое беше вистински празник за очите.

Нејзините синови, модерни и беспрекорни како и секогаш во друштво на прекрасниот сопруг на Викторија, Дејвид Бекам, уште еднаш покажаа дека се вистински пример за одличен изглед.

Но, најслатка од сите и овојпат беше малечката Харпер Севен која по којзнае кој пат изнудуваше насмевки кај присутните. Таа беше сместена удобно во скутот на нејзиниот татко од каде внимателно ги следеше креациите што нејзината мајка ги создаде.

Во преслатко транспарентно фустанче во сива боја и беж балетанки со нејзината омилена фризура во висок кок, Харпер дефинитивно беше најслаткиот гостин на одличната ревија на нејзината мајка.

Објавено:
10 февруари 2014
Категорија: 
Актуел