Ова е најголемата слабост на единствената Донатела Версаче!

23 август 2014

Таа е неверојатно талентирана и креативна, а дефинитивно спаѓа и во оној круг на најинтригантните лица на модната сцена, уште од моментот кога го наследи „тронот“ од својот брат Џани Версаче во 1997 – та година.

Големата Донатела Версаче која веќе четири години работи во семејната компанија и тоа и оди неверојатно добро, неодамна даде интересно интервју за магазинот Венити Фер во кое, иако реткост, таа говори за нејзините слабости и маани, но и секојдневните страсти.

Како што и самата ќе каже, а и не би не изненадило да е поинаку, најмногу пари сака да троши на дијаманти, а најдобро и најсреќно се чувствува кога слуша гласна музика.

Екстравагантната дизајнерка за Венити Фер одговара на неколку интересни прашања, а во продолжение дознајте го она најинтересното.

Ако постои реинкарнација, во која личност или нешто би се „вратила“: Високи потпетици!

Најголемата маана: Мојот карактер!

Која изрека најчесто ја користиш: Кога зборувам на италијански, тогаш дефинитивно тоа е subito (веднаш), а на англиски нормално – now (веднаш)!

Која вештина би сакала да ја поседуваш: Сакам да пејам. Досега сум имала можност многу пати да се сретнам со некои врвни музичари, од Мадона преку Лејди Гага до Бијонсе. Баш би сакала да умеам да пејам, но не ми оди!

lady_gaga_donatella_versace_a_p

Што е она што го сметаш за твој најголем успех досега: Тоа што Версаче е бренд што трае многу години и е многу успешен!

На која личност најмногу и се восхитуваш: На било кој хомосексуалев или транвестит кој се бори за своите права!

Што е она што не го сакаш кај луѓето: Нетолеранцијата!

Објавено:
23 август 2014
Категорија: 
Актуел