Ова е најпопуларниот модел од модната куќа „Макс Мара“

21 октомври 2016

Италијанската куќа „Макс Мара“ оваа сезона повторно го стави легендарниот беж капут што го носеа многу познати ѕвезди, меѓу кои и Изабела Роселини.

Првпат е произведен пред 35 години, а неговата цена изнесува 3.490 долари и е најпродаваното парче во историјата на куќата.

Го има  и во црна боја, во лимитирано издание, со рачно шиени апликации и украси со цена од 10.890 долари.

Уште поинтересно е што компанијата годинава ја слави 65-годишнината во модната со „Project 101801“, притоа подготвувајќи изложба со фотографии со познати личности меѓу кои и Синди Лопер. Истите портрети ќе бидат достапни во бутиците во декември годинава.

Без оглед на тоа која нијанса е во прашање, капутот ги има истите пропорции, луксузниот материјал кој во составот има само кашмир и волна, како и фактот дека сите детали се шијат рачно, за што се потребни 168 минути.

 

A photo posted by @maxmara onOct 19, 2016 at 4:21am PDT

-Кога беше дизајниран од страна на Ен-Мари Берета во 1981 година, во предвид се имаше философијата на модната куќа за безвременска елеганција, квалитет и добар дизајн. И така и излезе, ова парче е класика и вистинска реткост во модниот свет – вели актуелниот креативен директор Јан Грифитс.

Тој додава дека кимоно ракавите, дворедното закопчување, можноста да носите ремен, функционира на секој тип на тело и тежина. Според него, можат да го носат сите генерации, од тинејџери до оние во златното доба.

Се произведува во фабрика во Сан Маурицио, во италијанската регија Емилија, а имајќи го предвид досегашниот успех, враќањето во продажба изгледа како добар бизнис чекор.

Објавено:
21 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.050 пати