Доколку будно ги следите случувањата на социјалните мрежи, тогаш дефинитивно деновиве го сретнавте најпопуларниот татко кој секој ден мора да справува не само со една, туку со пет жени.

За многу кратко време тој доби бројни следбеници и многу позитивни критики благодарение на позитивните фотографии и описите кои тој ги додава до секоја.

Сите го сакаат затоа што е неверојатно искрен, исклучително духовит и без ниту грам фотошоп ни го пресликува нивното секојдневие онакво какво што вистина е.

Најдобро од сѐ е што дома има четири ќерки од кои две мали бебиња близначки и неговата сопруга поради што му треба многу време да се избори со секоја од нив.

Токму тие се фокусот на неговото секојдневие како и причина за недостаток на сон, за што постојано се „жали“ на социјалната мрежа Инстаграм во духовитите постови.

Како што тој ќе посочи, кога неговата жена ќе го остави сам со ќерките се случуваат некои од најлудите и најдобри фотографии, кои можеме да ги видиме и кои секојдневно расположуваат илјадници негови фанови.

Преку следните фотографии погледнете го фантастичниот живот на овој татко со петте жени со кои се “бори“ секој ден! 

Објавено:
5 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.733 пати