Ова е најпродаваниот подарок за празниците

14 декември 2016

Откако во светот се појави социјалната мрежа Инстаграм, модните трендови се појавуваат и исчезнуваат за исклучително кратко време. 

Сите оние кои се „зависни“ од оваа мрежа се сведоци дека манијата за некој тренд се шири како зараза, а популарноста на одредени парчиња и брендови преку ноќ може да ескалира. 

Во најубавиот период од годината, нема ништо поубаво од вистински одмор заедно со семејството во вашиот дом со добри рецепти и топли пијалаци. 

За уживањето да биде уште поголемо додека ги гледате најубавите божиќни филмови, топлото ќебенце е сѐ што ви треба. 

Токму едно такво тренди ќебе, односно популарно наречено сирена ќебе се најде на листата на најпосакувани и најпродавани подароци за оваа година. 

Ова ќебе го окупираше Инстаграм за многу кратко време, а не постоеше девојка која барем еднаш не го посака и не го употреби хаштагот #mermaidblanket. 

Истото е толку посакувано што моментално е целосно распродадено на АСОС, а на Амазон сѐ уште важи за еден од најпопуларните производи. 

Во моментов, за сината верзија на ова ќебе постои листа на чекање од повеќе од 1.000 лица, а досега се продадени 11.000 парчиња. 

Како вам ви се допаѓа најбараниот подарок за оваа година?

Објавено:
14 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.505 пати