Долгоочекуваното ново издание на „Пирели“ календарот конечно излезе во јавност. Поради најавата дека 2016 нема да биде во знакот на голите жени (како што досега беше практика во „Пирели“), туку ќе се слави убавината на „обичната“ жена, сите со нетрпение го очекуваа крајниот резултат.

За фотографиите на ова 43-то издание на календарот се погрижи Ени Лебовиц. Таа направи 13 фотографии од влијателни жени, во различни сфери и со различни достигнувања.

Серена Вилијамс

Јао Чен, Наталија Водијанова, Кетлин Кенеди, Агнес Гунд со нејзината внука Седи Рејн Хоуп Грунд, Серена Вилијамс, Мелоди Хобсон, Фран Лебовиц, Ава Дувернеј, Тави Гевинсон, Ширин Нешат, Јоко Оно, Пети Смит и Ејми Шумер се дамите што го красат календарот за 2016 година.

-Ни требаа повеќе од 12 месеци. Нема почеток или крај, можевме да продолжиме – вели Лебовиц за Harper’s Bazaar.

Таа додаде дека „Пирели“, што досега продуцираше екстремно секси календари, со топ модели, одлучија да ја вметнат во тимот.

Пети Смит

-Ме повикаа со задача и „наредба“ дека тие сакаат да направат нешто поинакво, но јас не им дозволив ниту еднаш да влезат на снимањето. Ја имав целосната контрола - потенцира фотографката.

Освен Наталија Водијанова, Серена Вилијамс и Ејми Шумер, сите останати жени се облечени. На поканата да се сликаат, сите реагирале изненадено и шокирано. Не знаеле што да очекуваат. Но, ја прифатиле поканата.

Јоко Оно

Резултатот е и повеќе од добар.

Објавено:
1 декември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.460 пати