Ова е омилениот фустан на Лејди Ди

3 јуни 2016

Интересот за животот и облеката на принцезата Дајана не стивнува ни две децении по нејзината смрт. Уште еден доказ за тоа е и аукцијата за смарагдно зелениот фустан што принцезата го носеше во 1986 година за време на посетата на Австрија, која треба да се одржи на 14-ти месецов во Британија, а ќе се следи во живо.

Предвидувањата на „Кери Тејлор Аукшнс“се дека цената на фустанот ќе достигне над 100.000 долари (најниската лицитирана сума е 115 долари, а највисоката 144.000 долари).

Инаку, фустанот е изработен од Кетрин Волкер, една од омилените дизајнерки на принцезата. А приказната за истиот има уникатна приказна.

Креацијата била дел од големата нарачка што Дајана ја направила за патувањето во Австрија. Имајќи предвид дека принцезата имала комплетна доверба во вкусот и работата на дизајнерката, не ни побарала да ги види скиците. Верувала дека Кетрин ќе направи добра работа, таа само ја направила испорачка.

На свечената вечера во Виена, Дијана одлучила да го носи токму тој фустан. Го искомбинирала со дијамантски ѓердан, свадбен подарок од кралицата Елизабета II, кој пак, бил во сопственост на мајката на кралицата.

Тоа е првиот од четирите пати кога ќе се појави во јавност во фустанот. Во 1987 година Дајана ја носеше смарагдната креација на хуманитарен настан, а потоа и во 1988 година на премиерата на „Biggles“. Наредната година пак, го носи на бал во „Osterley House“.

И покрај смртта на Кетрин, нејзиниот бренд живее и понатаму, а Кејт Мидлтон е еден од најверните обожаватели. Војвотката од Кембриџ неодамна се појави во зелен фустан токму со потпис на оваа модна куќа, што го носеше на свршувачка забава во Лондон.

Објавено:
3 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.672 пати