Ова е првиот машки plus – size модел во светот!

13 август 2015

Доколку сте обожавател на Инстаграм, веројатно досега сте го погледнале профилот на Џош Островски или The Fat Jewish на кој тој има повеќе од 5 милиони следбеници.

Веројатно, тој го има еден од најуникатните и најзабавни профили на социјалната мрежа каде секојдневно објавува интересни постови и фотографии.

Неодамна, тој потпиша договор со модната агенција One Management, која е матична агенција на моделите како Бар Рафаели и Каролина Куркова.

Сосема во негов стил, за овој договор со модната агенција тој ќе каже:

„Мојата цел е да станам многу познат, да правам проблеми како познатите, да излезам од контрола и околу мене да има многу непознати луѓе кои ќе ме употребуваат за разни цели и на крај, да се оддалечам од сите блиски што се грижат за мене“, вели Џош.

Од сега веќе неговата матична агенција ќе кажат дека тој е феномен кој допрва треба да успее во светот.

„За него, небото е граница. Мислам дека нема нешто што тој не може да го направи. Искрено, тој е еден вид на културен феномен во овој момент“, вели Скот Липс, првиот човек на модната агенција.

Со оваа вест, се поставува прашањето дали машките plus – size модели почнуваат да ја заземаат модната сцена?

„Не е типично да гледаме машки модели на пистите, бидејќи така дизајнерите ќе мора да прават специјални, поголеми броеви на парчиња за тие да ги носат“, велат кастинг директорите од агенцијата.

Токму ова пак, води кон друг проблем – потребата за поголеми дизајнерски парчиња за мажите кои не се совршено градени како оние што ги гледаме на пистите.

Сепак, ова е еден супер чекор и почеток на една иницијатива за која се надеваме дека ќе продолжи и кај другите агенции, но и кај дизајнерите како што тоа беше случај со женските plus – size модели и парчиња.

Објавено:
13 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
944 пати