Ова е првиот трејлер за филмот „Куќата Гучи“

30 јули 2021

Филмот „Куќата Гучи“ инспириран од неверојатна вистинита приказна за семејната имерија зад модната куќа „Гучи“ го доби првиот официјален трејлер.

Дејството се одвива во 1995 година, после случувањето кое ја потресе Италија - убиството на Маурицио Гучи, нарачано од неговата жена Патриција.

Како што е веќе познати, Маурицио во филмот го толкува актерот Адам Драјвер, а Лејди Гага е Патриција. На големото платно во ова остварување ќе го гледаме и Ал Пачино во улога на Алдо Гучи, најстариот син на Гучио Гучи, основачот на познатата модна куќа. 

Џаред Лето ќе го видиме во уште една фантастична трансформација како Паоло Гучи, синот на Маурицио, додека пак Џереми Ајронс ќе ја толкува улогата на Родол Гучи, уште еден од синовите на Гучио Гучи и татко на Маурицио.

Фантастичната екипа актери ќе ја дополни и Селма Хаек, која се појавува како гатачка и пријателка на Патриција.

Инаку, филмот е во режија на Ридли Скот и претставува адаптација на истоимената книга на Сара Геј Форден. 

Премиерата е закажана за 24 ноември и со нетрипение ја очекуваме, а дотогаш погледнете го промо-материјалот.

 

Објавено:
30 јули 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
449 пати