Ова е рекордно распродадениот фустан од H&M

4 јуни 2016

Романтичен-ретро фустан украсен со панделки и ситен принт, е рекордно распродаден на онлајн продавниците на шведскиот гигант H&M.

Памучниот миди фустан е идеален и за на плажа и за семејни свечености, па можеби токму неговиот совршен дизајн соодветен за различни прилики и речиси за сите типови на телесна градба, е основната причина поради која девојките го обожуваат.

Моделот се состои од два дела, краток топ со масивна панделка и миди долен дел со висок струк и странични џебови.

Објавено:
4 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
5.822 пати