Ова е турбанот долг колку 13 олимписки базени!

30 август 2014

Овој огромен украс за глава е тежок 45 килограми, а кога ќе се размота, долг е дури 645 метри. Должината на турбанот се' уште не е официјално измерена, а ако овој податок е точен, тогаш може да го сруши постоечкиот Гинисов рекорд во оваа категорија - 400 метри.

Сопственикот на најголемиот турбан е 60-годишниот Автра Син Мауни. Тој вели дека во претходните 16 години постепено додавал материјал, а сега му е потребно 6 часа да го намести.

-Не ми претставува товар, добро се чувствувам кога го носам. Кога го немам на себе, се чувствувам како да ми недостасува дел од мене. Единственото нешто од што стравувам е некогаш да не ми падне - вели Ман.

Со комплетна опрема, овој господин носи и меч и алки тешки 39 килограми. Поради висината и тежината на турбанот, тој не може да влезе во автомобил, па негово превозно средство е моторот.

Инаку, неговите сограѓани носат турбани со должина помеѓу 5 и 7 метри, па сега можете да ја замислите разликата.

Во продолжение погледнете го видеото и видете како изгледа овој по се' изгледа, нов Гинисов рекорд.

Објавено:
30 август 2014
Категорија: 
Актуел