Ова се боите што ќе ја одбележат пролетта според „Пантон“

7 декември 2015

На крајот на 2015 – тата, нѝ стигнува многу важна модна прогноза, барем кога станува збор за боите.

Компанијата „Пантон“ ги одбра двете бои што ќе доминираат во 2016 – тата година и ние сме ултра среќни поради истите.

Боите под назив „Rose Quartz“ и „Serenity“ според оценките на тимот на „Пантон“ најмногу ќе преовладуваат кај облеката, во домот и декоративните моменти.

Нежно розовата е опишана како впечатлива боја, но истовремено нежна и доволно силна да биде симбол на емпатијата и смиреноста. Сината нијанса е неверојатно лесна за очи и исклучително смирувачка, а дава чувство на спокој и опуштеност.

„Овие две бои со заеднички сили ќе ја демонстрираат рамнотежата помеѓу топлата розова и студената сина, одржувајќи ја сталоженоста, редот и мирот во вас“, изјави Леатрис Ајсман, извршната директорка на „Пантон“.

Изминатата година, бојата Марсала беше вистински хит кај облеката, ентериерот и декорациите, а девојките навистина ја обожуваа! 

Како ви се допаѓаат хит боите за 2016 – та?

Објавено:
7 декември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
764 пати